Search

Хрватска враќа во служба 2.000 пензионирани полицајци

За прв пат од војната, Хрватска враќа 2 000 пензионирани полицајци во служба заради мигрантите и потребата од зголемена гранична контрола.

Иницијативата ја покренало Министерството за внатрешни работи, пред се ’ поради повеќегодишната мигрантска криза и потребата од засилена гранична контрола, пишува загребачки „Јутарњи лист“.

Во владината удредба , меѓу другото, се наведува дека Хрватска ќе претседава со Советот на Европа во првата половина на следната година, што исто така ќе бара ангажирање на повеќе полициски сили за обезбедување и заштита на лица и објекти, а тоа можат да го работат, како што се наведува, само оспособени резервни полициски службеници.

Треба да знаете
Последни објави