Search

Хрватската влада го осуди нападот на српските ватерполисти во Сплит

Хрватската влада го осуди нападот на српските ватерполисти во Сплит. Премиерот Андреј Пленковиќ разговарал во врска со инцидентот со министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ и со градоначалникот на Сплит, Андро Крстуловиќ Опар, изјавил портпаролот на хрватската влада, Марко Милиќ, за „Хина“.

„Владата на Република Хрватска најостро го осудува хулиганскиот напад на ватерполистите во Сплит. Претседателот на владата во текот на денот разговараше за околностите на случајот со Божиновиќ и со Крстуловиќ Опар“, рекол Милиќ.

Четворица ватерполисти на белградскиот кулб „Црвена ѕвезда“ вчера беа нападнати од пет лица кои сè уште се во бегство. Едниот од спортистите се здоби со полесни повреди. „Јутарњи лист“ објави дека нападот бил испланиран, а тоа може да се заклучи врз основа на фотографиите кои им ги испратил читател, кој сакал да остане анонимен, а на кои се гледа еден од напаѓачите како држи палка во раката.

Треба да знаете
Последни објави