Search

Хрвати шверцувале оружје од САД во делови, па го склопувале и препродавале

Хрватската полиција запленила над 80 парчиња оружје и уапсила четворица кои од САД нарачувале пушки и пиштоли во делови, а потоа ги склопувале и препродавале. Во бегство е уште еден осомничен, со двојно хрватско и холандско државјанство.

Мозокот на операцијата бил обезбедувач во Општината Омиш, а меѓу уапсените е вработен во Поштата во Загреб кој овозможувал пратките од САД да не поминуваат на царинска контрола и рендген. Оружјето во делови било препраќано со лажни декларации дека станува збор за автоделови, делови за мотори и комплети за изработка на модели на играчки, а пакетите биле адресирани до домот на организаторот, но под друго име.

Шверцерите прво наоѓале купувачи, а потоа го нарачувале оружјето.

Во акцијата биле запленети  45 пиштоли и револвери, 28 пушки, два митралези, пет автоматски пушки, една полуавтоматска пушка, 11 придушувачи, 162 парчиња делови за различно оружје, 18.199 парчиња пиштолка и муниција за пушки, пет килограми барут.

Меѓу запленетото оружје доминирале пиштоли од марката „Глок“, но имало и два митралези „Застава М-53“, автомати „Томпсон“.

Треба да знаете
Последни објави