Search

Храбрите жени во Иран ги извадија шамиите против верскиот режим

Во триесетина земји во светот, од Авганистан до Замбија, Меѓународниот ден на жената е официјален празник со кој се слави храброста и одлучноста на жените, кои имале клучна улога во историјата на своите земји и заедницата, кои повикуваат на промени за зајакнување на женските права. Во уште десетина земји Денот на жената се одбележува иако не е национален празник.

Со оглед на социјалистичките корени на овој празник – прва го организирала Социјалистичката партија на Америка во 1909 година во Њујорк, а една година подоцна Меѓународната конференција на социјалистките предложила овој ден да се слави секоја година, не е чудно што празникот се одбележува првично во земјите од поранешниот Советски Сојуз и членките на таканаречениот Движење на неврзаните.

Но во една од тие земји властите особено се однесуваат непријателски кон одбележувањето на Меѓународниот ден на жените. Не е чудно, со оглед дека во Иран од 1979 година до денес владее тврдокорен исламистички режим.

Повеќе од една година храбрите жени во оваа земја една по една излегуваат на улица, демонстративно симнувајќи ја традиционално муслиманската шамија од главата, чие носење надвор од дома во Иран е задолжително со закон. Овие жени бараат елементарно човечко право – право на избор да носат тоа што сакаат, не тоа што мажите на моќни позиции, повикувајќи се на религиски декрети, тврдат дека мораат да го носат.

Режимот кој го водат муслиманските ајатоласи, мажи, се обиделе да го загушат ова движење на „женска граѓанска непослушност“, приведувајќи и затворајќи активистки. Истакнатата иранска активистка за човекови права Насрин Сотудех вели дека за ова дело законски е предвидена казна од глоба до 2 месеци затвор, но иранската полиција често оди многу подалеку од тоа во казнувањето на „неморалните“ жени, кои се малтретирани во затворот, тепани и мачени.

Треба да знаете
Последни објави