Search

Хоџа на „Фестивалот на грозјето“: Посакувам уште многу вакви успешни манифестации, се надевам следната година ќе се видиме повторно во нормални услови

Денеска во село Бојане, Општина Сарај, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, учествуваше на манифестацијата „Фестивал на грозјето“.
Mинистерот Хоџа ги поздрави присутните, кои и покрај дождливото време дојдоа да го одбележат овој ден, кој е од особено значење за Општина Сарај.

Грозјето е една од нашите земјоделски култури кои на овие простори имаат долга традиција на одгледување. Речиси и да нема куќа која нема лозница во дворот, бидејќи грозјето за нашиот народ има и симболично значење, односно гроздот означува благосостојба. Грозјето е традиционална и важна култура за РС Македонија. Благодарение на сонцето и поволните климатски услови, нашето поднебје овозможува да се одгледуваат многу лозови насади. Во производствените области грозјето е култура која го ангажира руралното население и има големо извозно трговско значење.
„Оваа година беше тешка за сите. Кризата предизвикана од светската пандемија со Ковид 19 предизвика нарушување на пазарите на грозје во нашата земја и на светските пазари. Сите ние се соочивме со голем предизвик како да го заштитиме домашното производство и да ги ублажиме последиците од кризата. Задоволен сум што ние како Влада реагиравме веднаш, воведовме интеревнтни мерки со кои овозможивме откупот на грозје да тече непречено, цената да биде во интерес на лозаропроизводителите. Со тоа помогнавме целокупното производство на грозје од овогодинешната реколта да биде откупено. Недозволивме кризата да влијае на производството на грозје. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе продолжи силно да ги подржува лозаропроизводителите и да се грижи за севкупното земјоделско производство“ изјави министерот Хоџа.

Тој им се заблагодари на организаторите на настанот и им посака уште многу успешни манифестации. Министерот Хоџа изрази надеж дека следната година манифестацијата „Фестивал на грозјето“ ќе се одржи во нормални услови, со надмината пандемија и без маски.

Треба да знаете
Последни објави