Search

Хоум свит хоум! Дома си е дома! Кети Пери и Орландо Блум се селат во хациенда во Монтечито

Кети Пери и Орландо Блум започнуваат нов живот како семејство во богатата енклава Монтечито, Јужна Калифорнија, а соседи ќе им бидат принцот Хари, Меган Маркл и бебето Арчи.

Пејачката Кети Пери и нејзиниот свршеник Орландо Блум купија огромна медитеранска хациенда во Монтечито за 14.2 милиони долари, објави „Варајети“.

Двојката, која ја дочека ќерката Дејзи Доув во август, го купи преубавиот комплекс со поглед кон океанот од поранешниот извршен директор на Duracell & Chrysler , Чарлс Роберт Кидер, кој го поседуваше имотот повеќе од 20 години.

Затворениот имот на двојката се состои од повеќе структури кои се простираат површина од 8.9 хектари. Со преселбата на овој имот Кети и Орландо ќе им се придружат на елитата на Холивуд, па дури и на британското кралско семејство, со принцот Хари, Меган Маркл и 17-месечниот Арчи, како нивни соседи.

 

Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, во јуни купија замок за 14.7 милиони долари во изолиран и заграден имот надвор од Монтечито, Јужна Калифорнија, и станаа жители на богатиот град во кој сопственици на куќи се Аријана Гранде, Елен Деџенерис и Опра Винфри.

Кети и Орландо потрошија многу повеќе од планираниот буџет за нова куќа, иако комплексот претрпе значителен пад на цената откако првпат беше огласен по цена од 20 милиони долари во пролетта 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави