Search

Хоти: Косово веќе нема да прави компромиси во преговорите со Србија

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека темата на Заедницата на општини со мнозинско српско население е затворена и дека Косово веќе нема да прави компромиси за постигнување конечен договор за решавање на спровите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на денешната посета на Призрен, Хоти изјави дека не е сигурен како ќе продолжат преговорите доколку српската страна и натаму инсистира на повторно отворање на прашањето на Заедницата, но нагласи дека дијалогот сепак нема да стагнира по вина на Приштина.

– Заедницата е тема која е затворена уште во 2013 година. Меѓутоа дијалогот нема да стагнира поради Косово. Ние сме независна држава, принципите ни се јасни и тие се усогласени со нашите меѓународни пријатели кога влеговме во овој значаен процес.. Подготвени сме за дијалогот врз основа на тие принципи. Косово веќе нема да прави компромиси за постигнување договор со Србија. Компромисите Косово ги направи во 2008 година, кога ја прогласи независноста, изјави Хоти.

Треба да знаете
Последни објави