Search

Хоти и Цакај: Дијалогот е единствен начин за решавање на отворените прашања

Премиерот на Косово Авдулах Хоти и албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај, денеска се согласија дека дијалогот е единствениот начин да се решат сите отворени прашања меѓу Белград и Приштина.

За време на денешната средба во Приштина, Хоти рече дека не може да има делумен договор во тој процес, туку само сеопфатен конечен договор со взаемно признавање, пренесува порталот Лајми.

Хоти и Цакај, исто така, разговараа за положбата на Албанците на југот во централна Србија и Црна Гора и ја истакнаа потребата да се почитуваат принципите на Советот на Европа за човековите и националните права.

Треба да знаете
Последни објави