Search

Хоти до Лајчак: Да нема нарушување на унитарниот карактер на Косово

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти му порачал на Мирослав Лајчак дека еден од принципите за дијалог, утврден од Приштина, е да не се задира во унитарниот карактер на Косово.

Тој ова го соопштил дека по повод изјавата на Лајчак дека Белград и Приштина треба да ги разгледаат уставните измени, меѓу другото, и за формирање на Заедницата на српските општини.

„Ги знаете принципите што ги поставивме за процес на дијалог кој нема да разговара за прашањето за територијална размена и е тргнат од преговарачката маса. Вториот принцип е дека нема да се допре до унитарниот карактер на Косово и дека договорот треба да биде сеопфатен и обврзувачки и да се однесува на прашања меѓу двете земји, а на прво место со реципрочно признавање“, рекол Хоти, а пренесува приштинска Коха

Тој додал дека е задоволен од досегашниот напредок во дијалогот.

Треба да знаете
Последни објави