Search

Хороскоп за 13 јули

Овните и Биковите функционираат совршено, Близнаците се упорни, Раковите делуваат пасивно, а Вагите се доминантни.

 

Што ни носи денешниот петочен хороскоп?

Овен

Работа – Сакате многу да постигнете за кратко време. Заштедете ја енергијата за некое веме доколку увидите дека сепак имате потреба од помош од колегите.

Љубов – Уморни сте од една личност која ви значи веќе подолго време. Еден Бик е идеален партнер за вас.

Здравје – Живеете здраво.

Бик

Работа – Ако забележувате дека сте уморни од работата, нема потреба премногу да се оптеретувате. Одморете денеска.

Љубов – Сакате да го минувате времето во друштво на личноста која ви се допаѓа. Денес е можен еден убав дејт за родените во овој знак кој ќе резултира со врска.

Здравје – Мрзеливи сте и спори. Имате низок притисок.

Близнаци

Работа – Досега работевте одлично и не сакате да остане на тоа ниво, туку сакате повеќе. Бидете истрајни во тоа што го правите.

Љубов – Им допуштивте слобода на оние кои ги сакате, но бидете внимателни да не кријат нешто. Можно е да има одредено затишје пред бура за сите оние кои се во брак.

Здравје – Алергии

Рак

Работа – Многу внимание на работното место е насочено кон вас. Дури и поштедени сте од одредени активности бидејќи знаат колку вредите.

Љубов – Пробајте да останете пасивни и да не им се предавате на лошите коментари, кои во вашата ситуација се непотребни.

Здравје – Покачен холестерол.

Лав

Работа – Ќе имате многу добар работен ден. Нема да се осврнувате на препреките, туку ќе се трудите да изградите ентузијазам и тимски дух и кај своите колеги.

Љубов – Нешто судбинско може да ви се случи денес. Ако сте во долгогодишна врска очекувајте солидни аспекти кои ви носат многу среќа.

Здравје – Добро.

Девица

Работа – Денеска навистина ја сакате работата. Се поставувате отворено пред нови предизвици кои ви даваат многу голема моќ на работното место.

Љубов – Не ви се допаѓа однесувањето на вашата сакана личност.

Здравје – Добро.

Вага

Работа – Очекувајте работен триумф онаму кадешто работите. Сакате доминантно да се поставите и ќе успеете во тоа денес, поради својата харизма.

Љубов – Денес можете да очекувате принц(еза) на бел коњ, но тоа не е трајно решение. Бидете приземјени во однос на своите желби.

Здравје – Болка во нозете

Шкорпија

Работа – Брзо ги донесувате одлуките и истовремено не сакате да се однесувате лошо поради нечии изјави. Накратко кажано, се трудите да се ослободите од обврските.

Љубов – Се чувствувате изневерени. Имате чувство на бес и постојано му префрлате на партнерот.

Здравје – Внимавајте на остри предмети.

Стрелец

Работа – не се откажувајте од борбата за подобар пласман. Сакате предизвици и тие ве водат во нови победи. Ретко кој може да ви помогне, бидејќи можете се сами.

Љубов – Премногу сте уплашени од одбивања, па од тие причини не можете да и пријдете на една личност која подолго време ви се допаѓа. Ризикувајте денес.

Здравје – Пливајте.

Јарец

Работа – Премногу сте слободни во своите работни обврски. Не сакате никој да ви ги врзува рацете без поголемо објаснување, бидејќи се сметате за експерт во работата.

Љубов– Доколку ви се допаѓа некоја личност која ја знаете од порано, можете да се надевате на успех.

Здравје – Алергии

Водолија

Работа – Доколку барате работа по струка, денес можете да очекувате одлична понуда. Ве очекува убаво познанство со Лав.

Љубов – Не сакате драми и не сакате да се впуштите во тешки дискусии. Најважно ви е да не ја изгубите личноста која ви значи.

Здравје – Главоболки

Риби

Работа – Ќе бидете во можност да избирате и тоа ќе направи да се чувствувате многу добро. Некои работи сепак нема да бидат онакви какви што сакате. Послушајте го советот на искусните колеги.

Љубов – Се чувствувате безнадежно, па морате да бидете појасни во комуникацијата со спротивниот пол. Ништо не се случува преку ноќ.

Здравје – Зголемете го внесот на витамини.

Треба да знаете
Последни објави