Search

Хороскопски знаци меѓу кои постои фатална сексуална привлечност

Помеѓу некои знаци постои неодолива привлечност и хемија на прв поглед. Некои хороскопски знаци едноставно се компатибилни во кревет, но и надвор од него.

 

Еве за кои парови станува збор:

1. Овен и Близнаци

На темпераментните Овени совршено им одговараат Близнаците. Овенот сака акција и предизвици, а кај Близнаците секогаш во доволно количини го има ова, така што лесно можат да ги возбудат и доведат до лудило.

Близнаците сакаат да експериментираат и со тоа ќе го воодушеват Овенот, кој пак секогаш е спремен за акција.

2. Бик и Скорпија

Меѓу нив има такви искри што би ги забележал и некој од страна. Тоа се две спротивставености кои ненормално се привлекуваат. Страста и таинственоста на Скорпијата е тоа што магнетски го привлекува еден сензуален Бик, кој секогаш ќе сака да истражува што се крие во длабочината на Скорпијата.

Од друга страна, за Скорпијата ќе биде неодолива смиреноста на Бикот, ќе сака да го освои и да ја почувствува неговата страсна страна. Хемијата меѓу овие два знаци гарантира жешка страст.

3. Лав и Вага

На убавата и шармантна Вага Лавот би ѝ приредил незаборавно искуство во кревет. Возбудата во сексот за неа би била за паметење. Вагата исто така точно знае што да направи и како да ја подгрее страста за да пружи секс полн со романтика и страст.

Лавот обожава кога некој му дава внимание и му угодува, а Вагата е таква. Во него ќе ги пробуди најубавите емоции и нивниот однос за двајцата ќе претставува совршенство.

4. Девица и Риби

Рибите знаат како да ја релаксираат Девицата, која е многу ситничава и воздржана. Тие добро знаат како да го свртат вниманието од небитни работи и да ја насочат целосно да се препушти на сексот.

За возврат, Девицата ќе сака да пружи апсолутно задоволство, а Рибата ќе биде воодушевена од нејзините страсти. Рибите имаат богата фантазија, а Девицата за тоа возвраќа со својата енергија.

5. Стрелец и Водолија

Необичната Водолија сака иновации и во кревет, а со оглед на тоа што Стрелецот е секогаш иновативен, ќе знае како да го изненади со своите вештини.

На Стрелецот му е многу интересен поинаквиот начин на кој Водолијата го доживува сексот, па и љубовта. Сексот меѓу овие два знаци секогаш би бил различен и секогаш подеднакво добар.

Треба да знаете
Последни објави