Search

Хороскопски знаци кои даваат најлоши совети

Постојат луѓе кои сакаат да им делат совети на другите и во тоа се навистина добри, но ако се родени во некој од овие хороскопски знаци, веројатно и не се толку добри.

 

Од сите 12 знаци во зодијакот, припадниците на овие знаци делат најлоши совети.

1. Риби

Рибите се лоши во давање совети поради нивниот карактер. Советите што ги даваат се темелат исклучиво на нивно сопствено искуство и проблеми, а не со здравиот разум. Во животот тие се водат според чувствата и мислат дека сите се такви.

2. Овен

Овенот нема доволно трпение за размислување на туѓите проблеми за да даде совршен совет. Тие најчесто го кажуваат првото што ќе им паден на памет и сакаат да ги решаваат работите на брзина. Нивните совети не треба да ги земате здраво за готово.

3. Скорпија

Причината зошто Скорпиите се лоши за давање совети е нивната приврзаност. Тие тешко можат да останат објективни кога од нив совет ќе побара блиска личност и не се водат според логиката, туку емоциите. Нивните намери се добри, но советите најчесто се бескорисни и лоши.

4. Стрелец

Стрелците обично знаат за сè и сешто, но од друга страна не се експерти. Имаат мислење за сè, од мода до политика. Затоа нивните совети најчесто се темелат на нивното цврсто убедување и верување, а со самото тоа не  се добри. Интересно е тоа што ниту еден Стрелец не би послушал ваш совет.

5. Водолија

Водолиите се чувствуваат непријатно покрај емотивни личности, затоа се склони да даваат совети само за да ја подобрат атмосферата. Кога се доведени во непријатна ситуација, ќе направат сè за да се извлечат од неа и дефинитивно не се личностите од кои би посакале совет.

Треба да знаете
Последни објави