Search

Хорор повреда на Велбек

Арсенал синоќа го играше дуелот од 4-то коло против Спортинг Лисабон, а натпреварот го одбележа тешката повреда на Дани Велбек.

Напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек доживеа тешка повреда во 30-та минута од натпреварот после еден незгоден доскок во кој што тешко го повреди зглобот.

Сите негови соиграчи, како и навивачите на трибините беа во шок, а Велбек итно беше изнесен од теренот и префрлен во болница. Повеќе детали околу неговата повреда ќе дознаеме во текот на денешниот ден, а речиси сигурно е дека го очекува подолга пауза.

Треба да знаете
Последни објави