Search

Хорнер нема намера да го напушти Ред Бул

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, очекува жестока борба со конкурентите следната сезона, иако австрискиот тим убедливо ја освои двојната круна во минатиот шампионат.

Ред Бул го освои шампионатот кај конструкторите со 759 бодови, додека второпласираниот Ферари собра 554.
Макс Ферстапен ја одбрани титулата во конкуренција на возачите со 454 поени. Холанѓамецот имаше на крајот 146 поени повеќе од Шарл Леклер. Ферстапен забележа дури 15 победи во 2022 година, што не му успеало на ниту еден возач во историјата на шампионатот.

Ферари не успеа сериозно да му се закани на Ред Бул, иако имаше конкурентен болид, особено во првиот дел од сезоната. Шефот на италијанскиот тим Матија Биното поднесе оставка поради ваквиот развој на ситуацијата, а навивачите на Формула 1 веќе извесно време шпекулираат кој ќе го замени на чело на тимот од Маранело. Хорнер рече дека не е заинтересиран за позицијата.

„Не сум изненаден од заминувањето на Биното од Ферари, тоа беше избор на тимот. Тие веќе сменија пет тимски шефови за време на мојот престој во Ред Бул. Верувам дека е многу тешко за него, имаа одличен болид оваа сезона. Целосно сум посветен на Ред Бул, немам намера да го напуштам тимот. Јас сум дел од тимот од неговото основање, па затоа сум многу приврзан“, изјави Хорнер и додаде:

„Очекувам тешка следната сезона. Возачите на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа одлични. Расел се бореше со Хамилтон и дури успеа да го победи во првата сезона во истиот тим, тоа е големо достигнување. Луис и понатаму е одличен. Ќе претпоставиме дека ќе работат напорно за да ги отстранат проблемите што ги мачеа оваа година, верувам дека и Ферари ќе сака да се подобри. Очекувам голема борба следната сезона“.

Првата трка во 2023 година е закажана за 5 март, кога Бахреин.

Треба да знаете
Последни објави