Search

Хонг Конг понуди 36,6 милијарди долари за Лондонската берза

Операторот на берзата во Хонг Конг, компанијата „Hong Kong Emerging End Clearing Limited” (HKEX), денеска достави понуда до Лондонската берзанска група (ЛСЕ) за „спојување на двете компании”, а според договорот се проценува дека ЛСЕ ќе чини 29,6 милијарди фунти (36,6 милијарди американски долари).

– Управниот одбор на HKEX смета дека двете компании се многу комплементарни поради што со нетрпение очекуваат да работат со релевантните власти за да се отвори патот кон реализација на трансакцијата, се наведува во соопштението на операторот на Хонконгшката берза.

Соединувањето ќе ја зајакне деловноста на двете компании, подобро ќе се позиционираат на пазарите и во другите географски области, а на учесниците на пазарот и на инвеститорите ќе им се понуди неверојатна поврзаност на глобалниот пазар, се додава во соопштението.

Од HKEX порачуваат дека трансакцијата ќе ја започнат преку комбинација на достапна готовина и преку нови кредитни механизми.

Веднаш по најновите вести, акциите на Лондонската берза скокнаа дури за 8,5 проценти за малку подоцна да изгубат дел од нивните првични придобивки.

Треба да знаете
Последни објави