Search

Хомосексуалците добредојдени на СП 2022 во Катар, порачаа организаторите

Џош Кавало и сите други хомосексуалци се добредојдени на Светското првенство во Катар, но треба да избегнуваат јавно искажување на својата сексуална ориентација, порача денеска директорот на Организацискиот одбор Насер ал Катер, одговорувајќи му на австралискиот фудбалер, кој рече дека како хомосексуалец „се плаши да дојде во Катар”

– Хомосексуалците можат да дојдат во Катар како и сите други навивачи, но мораат да се однесуваат според нашите закони. Знаеме дека Светското првенство е можна бина за протести по тие прашања, но не сме загрижени”, изјави Ал Катер во интервју за западните медиуми.

Британската невладина организација „Kick It Out” изминатите денови ја обвини „BeIn Sport” за разгорување хомофобија, откако катарската ТВ-мрежа ги повика фудбалерите од муслиманска вероисповед да ги бојкотираат сите активности поврзани со хомосексуалноста, која е „неспоива” со исламот.

Според шеријатското право, хомосексуалноста се казнува со смрт, иако здруженијата за заштита на човековите права истакнуваат оти нема докази за изрекување смртни казни од таа причина.

Треба да знаете
Последни објави