Search

Холивудскиот актер Џон Траволта наполнил 67. години, а ќерката Ела му честитала и на Инстаграм.

Холивудскиот актер Џон Траволта наполнил 67. години, а ќерката Ела му честитала и на Инстаграм.

„Среќен роденден на најневеројатниот човек што го познавам. Ти не си само најдобриот татко на сите времиња, ти си и мојот најдобар пријател”, се зборовите со кои таа ја започнала нејзината нежна честитка.
„Ти благодарам што нè воспитав, што ни помагаш и што не сакаш, но ти благодарам и за целото добро што го правиш секој ден. Светот е среќен што те има, а исто така и ние. Те сакам тато. Уживав да го славам твојот роденден вчера со тебе“, порачала Ела со фотографијата на која позира со славниот татко и помладиот брат Бенјамин.

Траволта е роден на 18. февруари 1954. година и ова беше првиот роденден кој го прослави без неговата сопруга Кели Престон, која ја загуби битката со ракот на дојка во јули минатата година. Тие беа во брак 29 години и имаа три деца: Ела, Бенџамин и Џет, кој почина на 16-годишна возраст во јануари 2009. година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави