Search

Холивудската миленичка претера со ботоксот, личи на восочна фигура

Една од најпознатите миленички на Холивуд и ѕвезда на бројни романтични комедии, Мег Рајан, со естетски операции се обиде да го спречи стареењето и стана речиси непрепознатлива.

Педесет и седумгодишната Мег Рајан оваа недела ја прослави 30-годишнината од еден од своите најпознати филмови – „Кога Хари ja сретна Сали” во Холивуд.

https://www.instagram.com/p/BwKhKNUgcig/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_test

Покрај неа на црвениот килим се појави и Били Кристал, нејзиниот колега од овој култен филм. Сепак вниманието беше свртено кон Рајан, која ги привлече погледите на присутните со своето замрзнато лице без брчки.

Со години се зборува дека актерката се подложува на пластични операции, но таа одбива да зборува за своите естетски зафати, а критиките, се чини, не ја спречија да продолжи да работи на својот изглед.

Со затегнато лице и значително пополни јаболчици и усни, актерката изгледаше како восочна фигура, и иако таа постојано се смееше, нејзиниот израз на лицето не се менуваше.

Освен фактот што таа го уништи своето лице со бројни естетски операциии, се зборува дека тоа ја чинело кариера бидејќи во последните десет години снимила само два филма.

Треба да знаете
Последни објави