Search

(Фото) Дрим ќе се чисти, Охридско Езеро се полни

Изненадени посетители во Струга. Коритото на реката Дрим е празно !? Ретко кој се сеќава на ваква глетка. Мостовите од кои се чита поезија висеа над купишта песок, а по малку вода на криштата само потсетуваше каква убавина ги восхитуваше домашните и странските гости кои доаѓаа да видат како истекува Охридското Езеро и го полни коритото на Дримот.

Сега местото каде истекува водата од Езерото е затворено со дрвените капии, а што помалку вода да поминува низ нива се обложени со најлон. Глетката е грда, но е корисна. Езерото се полни. Дрим ќе се чисити. На крајот акцијата ќе биде обострано корисна. Езерото кое летоска имаше намален водсотој ќе има повисоко ниво, а Дримот чисто корито.

Мештаните они повозрасните стружани велат вакво нешто не виделе последните 40 години да секне Дримот. Коритото со длабочина од околу 4 метри ќе биде исчистено од калта и се што не доликува да биде на дното од реката… Бистрата темно-сина вода повторно ќе му го врати животот  на кејот и бројните угостителски објекти крај него кои сега гостите ги избегнуваат.

 

Треба да знаете
Последни објави