Search

Холанд откри зошто го откачил Јунајтед

Новата sвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, ја откри причината зошто тој реши да ја продолжи кариерата во Германија, отколку во Манчестер јунајтед.

До неодамна, „црвените ѓаволи” се сметаа за фаворит за потпишување на 19-годишниот Норвежанец, но тој ги шокираше сите со неговиот избор. „Жолто-црните” платиле 20 милиони евра на Лајпциг РБ за да ги обезбедат неговите права.

– Смешно прашање. Го одбрав Дортмунд затоа што имав чувство дека ќе бидам подобар тука. Ова е огромен клуб. Отсекогаш ми се допаѓал. Кога ќе го спомнам, се смешкам. Сакам сè во клубот. Бундеслигата е одлично првенство со многу добри играчи. Тимовите играат убав фудбал и мислам дека тоа ми одговара, рече Холанд.

Капитенот на тимот од „Сигна Идуа парк”, Марко Ројс го пофали својот нов соиграч и го спореди со Роберт Левандовски.

– Мислам дека немавме таков напаѓач уште од Роберт Левандовски. Ни дава можност да бидеме пофлексибилни и да играме на различни начини. Но, прво треба да го запознаеме. Сè ќе си дојде со време, изјави Ројс за „Скај Германија”.

Треба да знаете
Последни објави