Search

Холандското кралско семејство се врати од одмор по 24 часа

Петте членови на холандската монархија беа принудени да го скратат годишниот одмор по негодувањето на јавноста дека патуваат во време на забрана за патување.

Кралското семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александер, кралицата Максима и нивните три ќерки принцезата Катарина-Амалија, принцезата Алесија и принцезата Аријана се упатија на одмор во Атина изминатиов викенд, но по негодувањето од холандските медиуми, набрзина се вратија дома.

Медиумите истакнаа дека тие заминале во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19, и препораки да не се патува.

Многумина се прашуваа зошто премиерот Марк Руте не ги советувал да го одложат одморот. Пратеникот од опозициската Лабуристичка партија Атје Кеукен рече: „Ова не е добар пример за останатите Холанѓани“.

Треба да знаете
Последни објави