Search

Холандски премиер: Меј е како витез од „Монти Пајтон”

Холандскиот премиер Марк Руте ја спореди британската премиерка Тереза Меј со лик од Монти Пајтон, кој одбива да го признае поразот, и покрај тоа што во двобој ги губи и нозете и рацете.

-Имам голема почит кон Тереза Меј. Понекогаш ме потсетува на ликот од „Монти Пајтон”, кој, откако му се исечени рацете и нозете, му вели на својот противник: „Ајде да биде нерешено”, вели Руте.

Холандскиот премиер рече дека Велика Британија „во моментов е во многу лоша позиција”, но дека тој ја почитува британската колешка затоа што продолжува да се бори.

Треба да знаете
Последни објави