Search

Холандски музеј претстави досега непознато дело на Ван Гог

Холандски музеј претастави во четвртокот непознато дело на славниот Винсент Ван Гог, скица за еден од неговите најпознати цртежи, на кој старец седи во столица со раце на главата.

Ван Гог „навистина бил заинтересиран за обичните луѓе и сакал да го изрази емоциите“, вели директорката на музејот посветен на уметникот во Амстердам, Емили Горденекер.

„Мислам дека исте излевуваме од ковид периодот чувствувајќи се така, па восхитувачки е што можеме тоа да го споделиме со нашите посетители. Отворени сем, драго ни е што сме отворени“, додава.

Октритијата на делата на познатиот уметник, кој пател од психички проблеми и се убил со пиштол на 19-ти јули 1890 година, се извонредно ретки. Споменатиот цртеж е сопственост на приватен колекционер и досега не беше познат.

„Затоа, кога сопственикот дојде во музејот тоа беше големо изненадување“, вели истражувачот на уметнички дела Теио Меенендорп, додавајќи дека било релативно лесто да се провери автентичноста.

Делото со димензии 50 на 30 сантиметри е нацртано со омилената алатка на Ван Гог за цртање – столарски моливм, во неговиот препознатлив стил на хартија изработена во 1877 година.

Цртежот многу потсетува на далеку попознатото дело на Ван Гог „Тажниот старец“, но перспективата е во висина на очите на старецот, а не одгоре.

Делото може необично лесно да се датира во последните седмици од ноември 1882 година, вели Меенендорп, поради двете писма кои уметникот ги нашишал на 24-ти ноември таа година. Тоа е период на релативната стабилност во животот на Ван Гог кога живеел со сопругата во Хаг.

Едното писмо е упатено до неговиот брат Тео, во коешто Ванг Гог наведува дека направил два цртежа на „старец со лактите на колената и главата во рацете“. Второто писмо е испратено до колега уметник и во него пишува деак планира да направи литографија со споменатата тематика.

Треба да знаете
Последни објави