Search

Холандската полиција заплени 2,5 тони метамфетамин

Холандската полиција денеска објави дека запленила најголема количина метамфетамин во Европа откако открила 2,5 тони дрога скриена зад ѕидот во една зграда во пристанишниот град Ротердам.

Полицијата соопшти дека дрогата, која беше пронајдена минатата недела и која беше уништена, имала вредност од неколку стотици милиони евра и дека толкаво количество дрога никогаш не било откриено во Европа, објави АП.

Понатамошните истраги ги доведоа детективите до складиште во централниот град Утрехт, каде што открија 17.500 литри хемикалии кои можат да се користат за миење кокаин и производство на синтетички лекови.

Портпаролот на полицијата, Томас Алинг, рече дека ниту еден од осомничените се уште не е уапсен, но истрагата продолжува.

Треба да знаете
Последни објави