Search

Холандија ќе ја озакони еутаназијата на деца

Холандскиот министер за здравство Хуг де Јонге најави озаконување на еутаназијата на деца од една до 12 години, кои се во крајна фаза на неизлечива болест.

Во Холандија озаконета е еутаназијата на лица над 12 години, кои можат да дадат согласност, како и на бебиња до една година со согласност од родителите. Но, се уште не е озаконета еутаназијата на деца до 12 години, бидејќи не можат сами да донесат одлука.

– Истражувањата покажуваат дека на лекарите и на родителите на неизлечиво болните деца им неопходно да се озакони еутаназија на деца, кои многу стртадаат и во догледно време ќе починат, се наведува во писмото на Де Јонге испратено до Парламентот.

Во 2002 година Холандија и Белгија станаа први држави во кои е озаконета еутаназијата. Белгија во 2014 година прва ја легализира доброволната еутаназија на деца, а набрзо и Холаднија госледеше нејзиниот пример.

Треба да знаете
Последни објави