Search

Холандија ќе забрани мобилни телефони додека се вози велосипед

Hоландија планира да ја забрани употребата на мобилни телефони додека се вози велосипед, а казната за сторителите е до 95 евра.

Забраната стапува на сила од 1 јули и нејзината цел е да го намали бројот на несреќи во велосипедизмот.

Во 2017 година во Холандија загинаа 207 луѓе на велосипед. Експертите веруваат дека мобилните телефони се виновни за секоја четврта велосипедска несреќа.

„Нивната употреба при возење велосипед е опасна. Ќе им биде јасно на луѓето дека ова е нова регулатива во сообраќајот и имаме намера да бидеме многу строги”, рече министерот за правда, Фердинанд Граперхаус.

Велосипедистите често при возење посегнуваат за мобилниот телефон за да разговараат, да слушаат музика, дури и да пишуваат пораки.

Користењето на мобилен телефон при возење автомобил е забрането веќе долго време. Во Холандија, паричната казна изнесува 240 евра.

Треба да знаете
Последни објави