Search

Холандија рутински со Катар, Сенегал oди понатаму по драмата со Еквадор

Досега се познати пет репрезентации кои обезбедија пласман во првата нокаут рунда.

Откако по два одиграни натпревари Франција, Бразил и Португалија се промовираа во осминафиналисти, тоа денеска го сторија и репрезентациите на Холандија и Сенегал.

Ова откако попладнево беа одиграни двете средби од А групата во кои Холандија му го нанесе третиот пораз на домаѓинот Катар, а Сенегал беше подобар од Еквадорт.

Популарните „лалиња“ со 2:0 го победија Катар. Стрелци на головите беа Коди Гапко во 26-минута и Френли Де Јонг 49-тата, па Холандија заврши како прво рангирана.

Директниот дуел за втората позиција ја доби Сенегал го победи Еквадор со 2:1, Африканската репрезентација поведе со 1:0 со голот на Исмаил Сар од пенал во 44-минута. Во вториот дел Моисес Каиседо во 68-та израмни на 1:1, резултат што го водеше Еквадор во осминафионалето, но само 2-минути подоцна Кулибали го постигна победничкиоот гол што на Сенегал му донесе пласман меѓу 16-те најдобри.

На оваа петорка вечерва ќе и се приклучат уште две репрезентации од Б група во кој сите четири земји имаат шанси за првите две места.

Англичаните кој во „битката за Британија“ ќе играат против Велс се во најповолна ситуација, а на „Гордиот албион“ доволен им е и нерешен резултат, додека на Велшаните само победа и тоа им врши работа, но под услов, дуелот меѓу Иран и САД да заврши без победник.

Во било кој случај една од овие две селекции да забележи победа тогаш таа би играла во осминафиналето, а поразената заедно со Велс би го завршила настапот на Мундијалот.

Каков ќе биде епилогот останува да видиме по средбите што ќе се играат во ист термин од 20 часот.

Треба да знаете
Последни објави