Search

„Холандија и Бразил играат исто, цврста одбрана и брза транзиција“

Играта на Бразил, првиот фаворит за освојување на Мундијалот, ја коментираше холандскиот селектор, легендарниот Луј ван Гал, по натпреварот со Кореја. Славниот Холанѓанец не е импресиониран од играта на бразилската репрезентација, што јасно го кажа со изјава која одекна.

„Ги гледав еден дел од вчерашниот натпревар и читав што се пишува за нив во холандските медиуми. Чудно ми е кога го читам тоа во медиумите, дека играат фудбал, а никој ништо не кажува за нас? Игравме на ист начин. Голот го постигнавме на ист начин. Нашиот беше поубав. Тоа беше тимски гол, а тимот е на прво место. Тоа беше најдобриот момент на ова Светско првенство. Подавања со голема брзина, навистина одличен гол“, изјави Ван Гал за холандски ЕСПН и дополни.

„Тие во основа играат исто како нас. Компактна одбрана и многу брза транзиција“.

Треба да знаете
Последни објави