Search

Холандија врати 600.000 неисправни маски од Кина

Холандските власти вратиле 600.000 неисправни маски увезени од Кина во екот на борбата против новиот коронавирус.

Според холандските медиуми, Министерството за здравство на Холандија вратило 600.000 маски „FFP2“ од вкупно 1,3 милиони увезени маски од Кина, бидејќи тие не ги исполнувале стандардите за квалитет.

Во Холандија досега починаа 771 лице како резултат на инфекција со коронавирус, а пријавени се 10.866 случаи на зараза.

Треба да знаете
Последни објави