Search

Хирургот што го оперираше момчето кое почина од сепса осуден за мито пред 12 години

Пациентот кој синоќа почина во Градската општа болница „8 Септември“, имал хирушки третман на хемороиди направен од страна на хирургот Ѕвонко Николовски, кој работи во приватнатната здравствена установа „Јанита“, а интервенцијата била направена во изнајмена операциона сала во друга приватна установа која се наоѓа во населбата во Аеродром, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Според ДСЗИ, симптомите на сепса кај синоќа починатиот маж се јавиле веднаш по хируршкиот зафат.

Николовски е истиот хирург кој во 2007-та година бил правосилно осуден за земање мито од страна Основен Суд – Скопје 1, кога работел во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“. Toj во 2005 година бил уапсен откако бил фатен со 24.000 денари мито, кои ги зел за да изврши операција. Подоцна тој тврдеше дека не биле 24.000, туку 4.000 кои биле за набавка на инструмент.

По пресудата, кратко продолжува да работи во Градската Болница, а потоа се префрла во приватни поликлини и ординации во Скопје и во Тетово. 

Од Приватната здравствна установа Јанита, ни рекоа дека дека жалат за смртта на пацинеотот, тие потрвдија дека хириргот Ѕвонко Николовски ја извршил интервенцијата ,но дека немаат никаков коментар затоа се уште нема конкретни информации од што починал пациентот.

Треба да знаете
Последни објави