Search

Хименез го нокаутираше Бајриќ со „ножички“ па 11 минути го освестуваа

Англискиот Вулверхемптон е пред пласманот во нокаут фазата од  второто по ранг европско клупско фудбалско натпреаврување Лига Европа по победата од 1:0 над Слован од Братислава, оставрена во втората минута од судиското продолжение. Но, победата и пласманот во нокаут-фазата остана во сенка на страшната сцена која се случи во 80. минута и поради која натпреварот беше продолжен дури 12 минути.
Раул Хименез се обиде со „ножички“ да упати удар кон голот на Слован и притоа со едната нога го удри дефанзивецот на Слован Кенан Бајриќ, кој падна на тревата како покосен во бесознание.Токму Хименез беше тој кој прв реагираше и бараше лекарска помош. Цели 11 минути прво фудбалерите на двата тима, а потоа и лекарските екипи се трудеа да го вратат во свест фудбалерот, кој беше изнесен на носилки.
Потврдено е дека се работи за сериозна повреда и дека првичните информации се потрес на мозокот, додека за деталите се чека од дополнителните прегледи.
Хименез, кој беше и стрелец на единствениот гол на средбата, се извини веднаш по натпреварот.
-Добра вест и за моите и за неговите соиграчи е дека е свесен. Многу ми е жал, немав никаква намера да го повредам и се надевам дека брзо ќе закрепне. Многу беше тешко за сите нас да го гледаме таков, без свест“ – изјави Хименез по мечот.

https://streamable.com/cm5ep

Треба да знаете
Последни објави