Search

Хилари Свонк покажа што научила да плете додека е во самоизолација

Американската актерка и продуцентка Хилари Свонк (45) одлучи да се придржува кон забраните на американската влада за напуштање на куќата, па сега е во самоизолација.

Актерката, која веќе некое време ја нема во холивудските филмови, ниту на кастинзи, се врати во центарот на вниманието по толкувањето на една од главните улоги во филмот The Hunt, кој излезе на почетокот на 2020 година.

Актерката била бојкотирана со години во Холивуд бидејќи многумина сметале дека таа неоправдано и пребргу освоила два „Оскара“, во 2000 и 2005 година, па не ја вклучувале во нови проекти.

Хилари на својот инстаграм-профил објави видео и покажа какко го поминува времето во изолација. Актерката врши домашни работи, но и плете.

„Здраво на сите, со недели сум во оваа куќа со семејството и буквално нема ништо во околината, па решив да научам да плетам. Не знам во што ќе ми помогне тоа, но ете ја исплетов оваа капа што нема врв. Сега ќе одам да перам алишта.Здраво“, рече актерката.

Хилари беше 10 години во брак со Чад Лов (52), од 1997 до 2007 година, а повторно се омажи за Филип Шнајдер во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави