Search

Хидросистемот „Злетовица” работи без загуби

Најсовремениот систем за водоснабдување во земјава почна да работи рентабилно. Хидросистемот (ХС) „Злетовица” почна да ги наплатува долговите за испорачаната вода, која ја примаат општините Свети Николе и Пробиштип. Директорот на ХС „Злетовица”, Миле Илиевски за МИА вели дека овие две општини редовно ги наплаќаат долговите, што се трупале со години.

– Месечно, двете општини заедно плаќаат од 1.200.000 до 1.300.000 денари што е доволно за покривање на нашите трошоци, така што работиме без загуба. Наплатата на Свети Николе изнесува 200 отсто, а на Пробиштип 100 отсто, вели Илиевски.

Тој додава дека двете општини на ХС „Злетовица” должат околу 21 милион денари, од коишто 15 милиони припаѓаат на Свети Николе, а шест милиониот на Пробиштип. Илиевски е оптимист дека од наредната година ќе почне и реализацијата на втората и третата фаза од ХС „Злетовица”, односно изградба на систем за наводнување на над 4.000 хектари земјоделско земјиште во општините Пробиштип и Кратово, како и изградба на хидроцентрали, од кои три поголеми, а исто толку и помали хидроцентрали за производство на електрична енергија. 

Треба да знаете
Последни објави