Search

ХИВ почна да се користи како лек за ретка детска болест („bubble boy“)

Американски научници почнале да користат ХИВ за да направат генска терапија, која успеала да излекувала осум доенчиња од тешка комбинирана имунодефициенција или болест позната како „bubble boy“, објави Би-би-си.

Резултатите од истражувањето, спроведено во болницата во Тенеси, беа објавени во „New England Journal of Medicine“.

Бебињата, родени со малку или без никаква имунолошка заштита, сега имаат целосно функционален имунолошки системи, покажува истражувањето.

Нелекуваните бебиња со ова нарушување мораат да живеат во потполно стерилни услови и имаат тенденција да умрат како бебиња.

Генската терапија вклучувала собирање на коскената срцевина на бебињата и коригирање на генетскиот дефект во нивната ДНК веднаш по нивното раѓање.

“Точниот” ген – кој се користел за да се поправи дефектот, бил вметнат во изменета верзија на еден од ХИВ вирусот, кој предизвикува СИДА.

Истражувачите велат дека повеќето од бебињата биле пуштени од болницата во рок од еден месец.

“Овие пациенти сега се мали деца, кои реагираат на вакцинирање и имаат имунолошки системи за да ги направат сите имуни клетки што им се потребни за заштита од инфекции додека го истражуваат светот и живеат нормални животи” изјави докторката Евелин Мамкарц.

Пациентите биле третирани во детската болница “Сент Џуд” во Мемфис и во детската болница „УЦСФ Бениоф“ во Сан Франциско.

Треба да знаете
Последни објави