Search

Хејли: Тилерсон и Кели се обидоа да ме свртат против Трамп

Поранешната американска амбасадорка при Обединетите нации, Ники Хејли, напишала во својата книга дека двајца поранешни функционери од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обиделе да ја свртат против политиката на Трамп.

Ова таа го објави во своите мемоари, што треба да бидат објавени утре, пренесуават американските медиуми.

Хејли во книгата пишува дека некогашниот државен секретар Рекс Тилерсон и шефот кабинет на Белата куќа. Џон Кели, не се согласувале со политиката на Трамп во врска со напуштањето на спогодбата за климатски промени и другите одлуки, но дека верувале дека ја „спасувале државата” и сакале да и ги наметнат нивните убедувања.

„Бев шокирана”, напиша Хејли, зборувајќи за состанокот со двајцата функционери, оддржна зад затворени врати.

„Кели и Тилерсон ми се доверија дека, кога му се спротиставиле на претседателот, се обиделе да ја спасат земјата. Кажаа дека нивните одлуки, а не тие на претседателот, се во најдобриот интреес на САД. Тилерсон ми ја кажа причината заради која им се спротивставувал на одлуките на претседателот, бидејќи да не го направел тоа, луѓето би умирале”, напишала Хејли.

Според неа, состанокот траел подолго од еден час по што двајцата веќе никогаш не и се обратиле.

„Место мене било што да ми кажат, требаше тоа да му го соопштат на претседателот, а не да бараат од мене да им се приклучам. Требало на претседателот да му кажат зошто се противат и да дадат отказ доколку не им се допаѓа тоа што тој работи. Но, да се поткопува претседателот е навистина опасна работа. И е во спротивност со Уставот и желбите на американскиот народ. И беше навредливо”, рече Хејли.

Трамп го отушти Тилерсон во март 2018 година, додека Кели го отпушти во декември лани.

Треба да знаете
Последни објави