Search

Хет-трик на Фирмињо, Ливерпул седми меч во низа со најмалку три гола на гостински терен

Клаудио Раниери имаше кошмарно деби на клупата на Вотфорд на отворањето на осмото коло во англиската Премиерлига, по убедливиот триумф на Ливепул со 0:5 , па „црвените“ барем привремено се искачија на првото место на табелата.

Ливерпул со победата напиша историја зашто стана првиот клуб во Англија кој успеал на седум последователни мечеви на гостувања во елитната лига да даде најмалку три гола, колку уште еднаш да покаже каква напаѓачка моќ има овој тим на Јурген Клоп.

Хет-трик даде Роберто Фирмино, додаде и една асистенција, а по еднаш погодија Мохамед Салах и Садио Мане во оваа петарда на „црвените“ против Вотфорд.

Садио Мане е стрелец на голот за водство на Ливерпул на самиот почеток од гостувањето против Ватфорд, откако Сенегалецот рутински реализираше по додавањето на Мохамед Салах. Асистенцијата на египетскиот ас беше маестрална, откако најпрвин се ослободи од Роуз тој со надворешен „фелш“ со левата нога ја смести топката токму пред залетаниот соиграч, кој со удар „од прва“ го совлада домашниот голман.

Потоа Фирмино даде еден гол на асистенција на Џејмс Милнер во 37-та минута, па набрзина по стартот на вториот дел, Фирмино погоди вторпат во 52-та, а на негова асистенција Салах ја завери победата 120 секунди потоа. Во судиското надополнување, Фирмино погоди уште еднаш за да комплетира хет-трик.

Со победата Ливерпул сега има 18 бода, два повеќе од Челси со меч повеќе, додека Вотфорд го запиша петтиот пораз сезонава, четврти во последните шест меча.

Треба да знаете
Последни објави