Search

Хенкок: Се влошува ситуацијата во Велика Британија, карантинот е последна опција

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека се влошува епидемиолошката ситуација во земјата и оти бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 двојно се зголемува на секои осум дена.

Но, тој одби да одговори дали во текот на следниот месец ќе биде воведен карантин.

– Воведување на мерката карантин е последна опција, но Владата ќе направи се што е потребно во борба против вирусот, посочи Хенкок.

Според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, Велика Британија по бројот на смртни случаи од последици на Ковид-19 е на петто место во светот, по САД, Бразил, Индија и Мексико.

Треба да знаете
Последни објави