Search

Хенес: Заборавете на скапите трансфери

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, смета дека пандемијата заради коронавирусот ќе создаде големи проблеми, но и промени во фудбалскиот свет.

Поради ширењето на вирусот ковид-19 веќе неколку седмици суспендирани се речиси сите фудбалски шампионати во Европа. Легендарниот Хенес во интервју за „Кикер“ вели дека не може да замисли трансфер од сто милиони евра во блиска иднина.

„Да бидам искрен, не можам да замислам во блиска иднина дека ќе се реализира трансфер од сто милиони евра. Трансферите ќе бидат значително намалени, а износите нема да може да бидат толку луди како во последните неколку години. Сите се погодени од оваа криза, веројатно нам нè чека некој нов фудбалски свет“, вели Хенес.

Бундеслигата веќе ја одби можноста да се игра без публика, но Хенес смета дека за оваа тема треба добро да се размисли.

„Дури и натпреварите без публика носат пари за клубовите, пред сè од телевизиските права. Ако профункционира тоа мислам дека клубовите ќе се справат со кризата, но ако не се одигра ниту еден натпревар во следните месеци, тогаш ќе имаме големи проблеми“, додаде легендарниот Германец.

Засега нема информација кога бундеслигашите ќе им се вратат на натпреварите, а според шпекулациите шансите се големи тоа да се случи во мај.

Треба да знаете
Последни објави