Search

Хенес: Баерн ќе троши како никогаш досега

Баерн Минхен отсекогаш бил познат како тим кој многу внимателно делува на пазарот на трансфери.

Сепак овогодинешниот неуспех во Лигата на Шампионите и најмногу фактот дека просечната возраст на играчите е доста висока, овој пат ќе ги натера баварците да посегнат подлабоко во клупската каса. Ова го откри претседателот Ули Хенес, кој најави дека во следните месеци Баерн ќе троши како никогаш досега.

– Се наоѓаме во момент, во кој мора да го подмладиме нашиот тим. Тоа е најголемата инвестициска програма која Баерн ја имал некогаш”, изјави Хенес.

Изјавата на Хенес дојде во денот во кој француската телевизија „Беин Спортс“ објави дека Баерн понудил 50 милиони евра за ѕвездата на Лил – Николас Пепе.

Досега единствено сигурно ново пополнување е дефанзивецот Бенџамин Павар од Штутгарт, кој доаѓа за 35 милиони евра.

Другите многу веројатни нови засилувања според локалните медиуми се Калум Хадсон-Одој од Челзи и Лука Ернандез од Атлетико Мадрид, кој има клаузула од 80 милиони евра.

Најверојатно, тимот, исто така, ќе го задржи Хамес Родригез, за ​​кој мора да плати 42 милиони евра на Реал Мадрид.

Сосема е можно во следните месеци Баерн да потроши над 200 милиони евра за нови фудбалери, што всушност е значително зголемување во однос на досегашните трансфер трошоци на клубот.

Рекордот на тимот беше во летото 2017 година, кога Баерн даде 116 милиони за седум играчи, вклучувајќи и 41,5 милиони евра за Корентен Толисо.

Хенес сепак е свесен дека скапите трансфери не гарантираат успех.

– Парите го управуваат фудбалот, но за големите титули решавачки се играчите со карактер на теренот, додаде шефот на Баерн.

 

Треба да знаете
Последни објави