Search

Хелсиншкиот комитет го осуди инцидентот во Тетово, бара казни за сторителите за говор на омраза

Хелсиншкиот комитет го осуди инцидентот во Тетово, бара казни за сторителите за говор на омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска преку соопштение најостро го осуди вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти”.

-На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.

Воедно, посочуваат дека со посебно внимание ќе го следат разрешувањето на овој инцидент и ќе бараат најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е, наведуваат, предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.

Треба да знаете
Последни објави