Search

Хелен Мирен ќе го води квизот „Хари Потер“

Холивудската ѕвезда Хелен Мирен ќе биде домаќин на квиз серија Harry Potter: Hogwarts Tournament of Houses по повод 20-годишнината на филмската сага.

Оскаровката изјави дека е пресреќна што ќе биде дел од програмата што ќе ја одбележи годишницата.

„Знаев дека некогаш ќе добијам улога во Хари Потер и многу сум задоволна што ќе учествувам во прославата на 20-годишнината на филмот,“ рече Мирен.

„Филмовите инспирираа таква волшебност и чудо за многумина од нас, и ќе биде вистинско уживање повторно да ја оживиме таа магија за безбројните фанови кои продолжуваат да уживаат во овој магичен свет“.

Квиз серијата првпат беше најавена во мај како дел од плановите на „Ворнермедија“ да ја одбележи годишнината од „Хари Потер и каменот на мудроста“, придружувајќи се на посебната ретроспектива. Серијата ќе има четири дела.

Треба да знаете
Последни објави