Search

Хелен Мирен сама избрка мечка од својот имот во Невада

Британската актерка Хелен Мирен ја минува пандемијата на Ковид-19 во оддалечена куќа во американската држава Невада, а неодамна имала „блиска средба“ со дива мечка, која премногу се приближила до нејзиниот имот.

Говорејќи на виртуелната церемонија на доделување на наградите САГ во неделата (4 април), каде што презентираше награда, таа објасни: „Имав мала средба со мечка. Многу се вознмемирив, се разбира дека не можете да дозволите мечки да се зближат со човечки суштества бидејќи тие се диви животни.“

Хелен откри дека пробала да го избрка животното велејќи му дека е непослушен мечок.

„Му реков дека е непослушен мечок. Се гледаше дека е млад, па јас само викнав: Непослушен, продолжи понатаму, оди си од тука! ”

75-годишната Хелен е всушност голем љубител на животни и неодамна изјави дека не оди во зоолошки градини бидејќи ѝ е непријатно да гледа животни во кафези.

Треба да знаете
Последни објави