Search

Хезболах повторно се заканува

Лидерот на либанскиот Хезболах, Хасан Насралах изјави денеска дека нема црвена линија во одбраната на Либан од израелската агресија, само еден ден откако шиитската милитантна група соопшти дека урнала уште еден израелски дрон.

Насралах истакна дека Либан и либанскиот народ го задржуваат правото да ја бранат земјата од нападите на Израел.

Хезболах претходно соопшти дека соборил уште едно беспилотно летало во најновиот судир меѓу таа милитантна група поддржана од Иран и Израел.

Треба да знаете
Последни објави