Search

Хедер Локлир повторно на рехабилитација

Актерката Хедер Локлир, позната по улогата на Семи Џо во серијата „Династија“, повторно е на рехабилитација, шест месеци по излегувањето од клиника поради лекување од алкохолизам. Но, според нејзини блиски пријатели, таа не престанала да пие.

„Во моментот алкохолот и лековите ѝ помагаат да заборави на притисоците, особено поради тоа што се соочува со ментално растројство. За среќа, сфати дека решението не е во тоа, па повторно побара медицинска помош“.

Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ и „Династија“ и претходно беше хоспитализирана поради мешање лекови и алкохол. Пред две години имаше и нервен слом. Тогаш беше присилно вклучена во програма за одвикнување. Последнава година Хедер беше уапсена и за семејно насилство кога физички го нападна своето момче

Треба да знаете
Последни објави