Search

Хаџизадех: Извлечените остатоци од дронот се доказ дека летал над територијата на Иран

– Иранската државна телевизија денеска емитуваше снимка на која се гледаат остатоци, за што тврди, дека се од соборениот американски дрон.

Командантот на воздухопловната дивизија на иранската Револуционерна гарда, Амир Али Хаџизадех изјави дека остатоците се доказ дека американското беспилотно летало било над територијата на Иран кога беше соборено од страна на Гардата.

Централната команда на војската на САД (ЦЕНТЦОМ) вчера потврди дека иранската армија собори американски дрон, истакнувајќи оти „неиспровоцираниот напад” се случил во меѓународен воздушен простор.

Во соопштението се наведува дека беспилотното летало за набљудување на морето вчера утрото е „соборено со ирански ракетен систем земја – воздух додека било во меѓународен воздушен простор над Ормуски Теснец.

Гардата вчера соопшти дека американскиот дрон го наруши иранскиот воздушен простор, а неговото соборување е јасна порака до САД дека Иран ќе одговори на секој вид на странска агресија.

Треба да знаете
Последни објави