Search

Хајди Клум откри дека едната нога ѝ е осигурана на повисока сума од другата

Германската убавица Хајди Клум, во текот на гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис, објасни како едната нога и е осигурана на повисока сума од другата.

48-годишната манекенка, во сегментот наречен „Хајди Бланкинг Клум“, ѝ кажа на Елен дека клиент направил полиса за осигурување од 2 милиони долари на нејзините нозе, а дека едната чини повеќе.

Германскиот супермодел рече дека едната нога ѝ е поскапа од другата, додавајќи дека „чудни се работите што некои луѓе ги прават“.

Судијката на „Америка има талент“ алудираше на претходна несреќа во која ѝ била повредена едната нога.

„Кога бев млада, паднав на срчи стакло и имам голема лузна“, рече Клум, која во емисијата носи розово здолниште и изгледа прекрасно како и секогаш.

„Ставив толку многу спреј тен што не можете да ја видите во моментов,“ се пошегува таа.

Треба да знаете
Последни објави