Search

Хачинсон: Следните десет години НАТО ќе напредува и ќе стане посилна Алијанса

Основните теми на министерскиот состанок на НАТО, што утре и задутре се оддржува во виртуелен формат во Брисел, ќе бидат подемoт на Кина, зголемените воени активности на Русија, мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак, перспективната стратегија „НАТО 2030″, кибер безбедноста, глабалнaтa пандемија, како и зацврстување на трансатлантското сојузништво. 

Ова денеска изјави Кеј Бејли Хачинсон, амбасадорка на САД во НАТО, која кажа дека нејзината земја сака еднакво и праведно трговско партнерство со Кина. 

-Но, тоа сега не е случај. Кина станува агресивна кон многу земји со кои таа граничи или има трговски односи, како, на пример, со многу земји од Европа. Пример е и Индија со пограничниот конфликт што се случи во јуни, изјави амбасадорката. 

НАТО гледа закана и во зголемената воена моќ на Русија во регионот. 

-Постојано набљудуваме како Русија пушта авиони и плови со свои подморници во северниот Атлантик и во Арктикот, затоа сме фокусирани на овиие региони со цел задржување руската можна воена закана, рече таа.  

Хачинсон изјави дека НАТО е сигурносен чадор за Северна Америка и Европа и предвидува дека „следните десет години НАТО ќе напредува и ќе стане посилна”. 

Ова најверојатно е последен министерски состанок на Хачинсон во својствао на амбасадорка на САД во НАТО, со оглед на тоа дека администрацијата на Доналд Трамп е во заминување. Запрашана за тоа како ќе се одвува преземањето на власта од страна на новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден, таа одговори дека „транзицијата ќе биде мазна”,  

-Тоа е она што го има во вистинските демократии, и тоа е она што ќе го направиме, изјави таа.

На министерскиот состанок утре учествува и американскиот државен секретар Мајк Помпео.  

„Во текот на двата дена државниот секретар Помпео ќе ги реафирмира заложбите на САД за Северноатлантската алијансата која што обезбедува мир и просперитет повеќе од седум децении”, истакнаа од Стејт департментот во денешното соопштение за јавноста.

Треба да знаете
Последни објави