Search

Хафтар во ненајавена посета на Атина, бара поддршка

Командантот на силите кои се борат против владата поддржана од ООН во Либија, Калифа Хафтар, ненајавено престојува во Атина, очекувајќи поддршка по ветувањето на Турција дека воено ќе им помогне на неговите противници.

Либискиот генерал Хафтар се состанал со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас по пристигнувањето синоќа, а денес ќе се сретне со премиерот Кирјакос Мицотакис, како и со други високи грчки функционери, пренесува АП.

Изненадната посета на Хафтар се случува пред самитот во Берлин, чија цел е да се стави крај на конфликт во Либија.

Турција, која ветила дека ќе испрати трупи како поддршка на либиската влада против офанзивата на Хафтар, е во судир со Грција околу правото за дупчење нафта и гас во источниот Медитеран.

Треба да знаете
Последни објави