Search

Хасан посети две турски компании кои имаат инвестиции во Македонија

Во рамки на својот престој во Република Турција министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан оствари средби со две турски компании кои имаат реализирано инвестиции во Северна Македонија.  Двете компании се наоѓаат во Гебзе, област во Коџаели каде што министерот е во работна посета.
Пурпласт е компанија од автомобилска индустрија, која скоро потпиша договор за закуп на градежно земјиште. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ Скопје 2, а ќе почне со работа наредната година. Пурпласт имаат свои фабрики во Република Турција, а компанијата која ќе ја градат во Северна Македонија им е прва инвестиција надвор од Турција. Почетната инвестиција ќе биде 5 милиони евра, а ќе се отворат 100 работни места во првата фаза, се очекува да се развиваат повеќе фази. На средбата беше споделено дека Северна Македонија се покажала како најдобар избор во конкуренција со 5 други земји кои биле разгледувани за реализирање на оваа инвестиција.  Министерот Елвин Хасан го истакна своето задоволство од изборот кој го направиле и им се заблагодари за дадената  доверба.
Другата компанија е компанијата за производство на жици и кабли која произведува за автомобилски потреби.  Мурат Тиџарет Кабло е компанија која во 2017-та година почна со градење на компанија во ТИРЗ Скопје 1. Нивната инвестиција  чинеше 6,6 милиони евра, а имаат вработено 300 лица.  На средбата се изрази задоволство од соработката, од двете страни, а министерот Елвин Хасан им укажа дека тие се само почетокот на она што следи, а тоа се новите инвестиции кои ќе се реализираат преку нив.  “Бизнис климата во Северна Македонија е навистина привлечна за странски инвеститори, а изборот на овие компании е доказ за тоа. Северна Македонија отсекогаш и во секој поглед  добива поддршка од Турција, поврзаноста на двете земји и народи уште од минатото продолжува до денес, Турција е еден од најголемите инвеститори  во Северна Македонија, а бројката очекуваме да расте”, посочи министерот Елвин Хасан.

Треба да знаете
Последни објави