Search

Харпер Бекам ја доби првата тетоважа

Модната дизајнерка Викторија Бекам (44), сопругата на пензионираниот англиски фудбалер Дејвид Бекам (43), е голема обожавателка на тетоважи. Неодамна, на социјалните мрежи, таа објави фотографија на која се тетовира со својата седумгодишна ќерка Харпер.

Тоа не се вистински тетоважи, туку од светки, но Харпер беше многу среќна бидејќи тоа е нејзината прва тетоважа. Мама Викторија има сино цветче на своето рамо, а Харпер – дијамант со крилја на подлактицата.

Викторија сигурно нема да се срами од тетоважата со својата Харпер бидејќи не е трајна, но во последно време почна да се срами од вистинските тетоважи и ги отстрани од своето тело.

Треба да знаете
Последни објави